Дома Фудбал Германија Откупната клаузула на Вернер НЕ истекува за четири дена!

Откупната клаузула на Вернер НЕ истекува за четири дена!

Откупната клаузула во договорот на Тимо Вернер не истекува за четири дена како што се тврдеше до сега, туку еден месец покасно, односно на 15 јули.

Тоа денес го откри еминентниот весник „Билд“, а оваа информација дава комплетно поинаква слика за неговиот трансфер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ако оваа информација е точна тоа значи дека и други клубови ќе можат да влезат во битката за неговиот потпис.

Во изминатите денови се тврдеше дека откако Ливерпул се откажа од плаќање на клаузулата, Челзи е во пол-позиција за неговииот потпис бидејќи „сините“ се спремни да платат 60 милиони евра.

Наводно Вернер веќе се договорил со Челзи каде ќе потпише 5-годишен договор со годинашна плата од 10 милиони евра.

Меѓутоа, „сините“ не мораат да брзаат со плаќање на откупната клаузула, бидејќи според најновите информации таа истекува на 15-ти јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Драма во соблекувалната на Баерн – паднаа сериозни обвинувања!

Ким Мин-Џае се најде во центарот на вниманието откако се појавија информации дека е подгот…