Овие денови актуелни се доаѓањата во македонскиот ракомет на хрватски имиња.
На оваа тема колумна напиша хрватскиот новинар на „Балкан Хендбол“ Младен Милетиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На почетокот од својата колумна тој опишува како со неверување ја примил веста за доаѓањето на Златко Хорват во редовите на Металург.
„Се посомневав дека во прашање е фејк њуз, но информацијата доаѓаше од повеќе извори. Тогаш побарав свој колега да го прашам дали е вистина. На крајот дури мислев и дека сонувам, па почекав. Не можев да поверувам дека Златко Хорват навистина заминува од клубот во кој го помина целиот свој живот и освои не знам точно колку трофеи“, пишува на почетокот на Милетиќ.
„Во Вардар останува Чупиќ, веројатно доаѓа Гаџа, можеби и Векиќ, во Битола тренер е Желјко Бабиќ, го доведе Мандалиниќ и младиот Мараш, Кушан...Се е тоа сосема нормално, но кога ќе се вратиме наназад 10-11 години“…
Милетиќ потсетува како било претходно.
„Беше шок над шоковите кога Лино Червар како трофеен хрватски тренер потпиша за таму некој Металург, клуб на богат Македонец за кој никој во Хрватска не слушнал. На пречекот на аеродромот му играа народно оро и ја рецитираа песната од збирката на Кочо Рацин, „Бели Мугри“, објавена во 1939 во Загреб како темел на македонската поензија. Веста дека во Скопје во потрага по слава заминуваат Игор Карачиќ и Лука Циндриќ излегуваа како обично цвеќе во весниците, а цела ракометна јавност во Хрватска два пати пана на земја гледајќи како го носат Вардар до европскиот врв. Имаше уште, Ивица Обрван ја водеше Македонија три години и три пати подобро од Раул Гонзалес, Ловро Јовиќ во Битола го носеше дресот на Еурофарм“, гласи дел од неговата колумна.
На крајот од колумната Милетиќ сака да даде до знаење дека хрватските ракометари кај нив дома не се доволно ценети.
„Одете луѓе, одете работете! Во Македонија, но и во другите земји, секаде ќе ве ценат и по можност добро ќе заработите. Не чекајте повик кој нема да дојде, не тропајте на вратата на која пишува „забрането, Хрват“.
Целата колумна можете да ја прочитате тука.