Дома Фудбал Англија Клоп: Како да платиме 60 милиони за Вернер, а им ги кратиме платите на фудбалерите

Клоп: Како да платиме 60 милиони за Вернер, а им ги кратиме платите на фудбалерите

Последните информации од Островот се дека Челзи ја довил битката за потписот на Тимо Вернер и за него ќе плати 60 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вернер долго беше поврзуван со трансфер во Ливерпул бидејќи напаѓачот е голем желба на тренерот Јирген Клоп.

Германецот дури и имаше договор со „црвените“, но Ливерпул одби да ја плати неговата откупна клаузула која изнесува 60 милиони евра.

„Во светот има многу добри фудбалери, Тимо Вернер е еден од нив, но исто така е и Каи Хаверц. Во Англија има премногу шпекулации кого ќе ангажира Манчестер Јунајтед, кого Челзи, но што се однесува до нас ние сме тивки“.

„Моментално клубовите губат пари, ВИП ложите нема да бидат полни, а нема да се продаваат влезници. Тоа сигурно ќе влијае и на спонзорите. На крајот на краиштата, неодамна преговаравме со играчите за намалуање на платите, а сега да се дадат 50-60 милиони евра. Тоа ќе предизвикаше хаос“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поради одлуката на Флорентино Перез, Мурињо сега чини 15.000.000 евра

Можното враќање на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид може да го чини шпанскиот клуб до…