Со пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите Аталанта заработи повеќе од 50 милиони евра во досегашниот дел од сезоната соопшти специјализираниот сајт „Calcio e Finanza“.
Клубот од Бергамо со вкупни 8:4 ја елиминираше Валенсија и се избори за место меѓу осумте најдобри тимови во Европа. Покрај историскиот успех во елитното натпреварување, клубот и значајно ја подобри својата финансиска ситуација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аталанта 10.5 милиони евра доби од пласманот во четвртфиналето, а кога на тоа ќе се придодаде заработката во претходниот дел од натпреварувањето се добива повќе од пристојна сума.
Според информациите на споменатиот сајт Аталанта во меѓувреме заработила и 15 милиони евра за влез во групната фаза од ЛШ, 3.3 милиони евра за исторскиот пласман, 6.3 за остварените резултати, 9.5 за поминувањето во нокаут фазата и 500.000 преку распределбата на средства.
Покрај тоа добија пет милиони евра преку ТВ правата, па на тој начин се доаѓа до споменатата сума од 50.1 милиони евра.