Дома Фудбал Англија Венгер му се нуди на „црвените ѓаволи“: Секој тренер сонува да го води Јунајтед

Венгер му се нуди на „црвените ѓаволи“: Секој тренер сонува да го води Јунајтед

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер даде изненадувачка изјава и не ја отфрла можноста да седне на клупата на најголемиот ривал на „топџиите“, Манчестер Јунајтед.

Столчето на Оле Гунар Солкјер сериозно се тресе, па веќе почнаа шпекулациите околу неговиот наследник, а Венгер самиот се понуди.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Иако беше цели 22 години на клупата на најголемиот ривал, сепак Венгер тврди дека нема да може да ја одбие понудата на „црвените ѓаволи“.

„Манчестер јунајтед е работа од соништата за секој тренер. Јас имам самодоверба, имам храброст, а имам и идеи“, изјави Венгер.

„Според мое мислење, на Јунајтед му недостасуваат четири играчи кои ќе играат во стартниот тим. Јунајтед не е толку далеку како што многумина сметаат, имаат добар тим, но потребни се уште неколку играчи за да се комплетираат“, додаде искусниот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи со официјална понуда за Дарвин Нуњез

Наполи не се откажува од намерата да го привлече напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, иако…