Вечерва беа одиграни осум натпревари во 1/16 финалето од англискиот Лига Куп.
На „Олд Трафорд“ гостуваше третолигашот Рочдајл и Манчестер Јунајтед се пласираше во следната фаза дури после изведувањето пенали.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Поведе Манчестер Јунајтед преку Гринвуд во 63-тата, но 16-годишниот Метесон во 76-тата минута донесе изедначување.
Јунајтед до крајот на регуларниот дел не успеа да постигне гол, па се пристапи кон изведување на пенали. Трагичар за Рочдајл беше Кеохане кој беше единствениот кој промаши. Јунајтед ја доби пенал серијата со 5:3.
Вест Хем се посрамоти и беше поразен кај Оксфорд со дури 4:0.
Oстанати резултати:
Брајтон – Астон Вила 1:3
Буртон – Бурнемоут 2:0
Челзи – Гримсбу 7:1
Милтон Кејс – Ливерпул 0:2
Вулвс – Рединг 1:1 (2:1 после пенали)