Дома Трансфер зона Потврди менаџерот на напаѓачот: Атлетико сепак останува без големото засилување

Потврди менаџерот на напаѓачот: Атлетико сепак останува без големото засилување

Атлетико Мадрид сепак нема во своите редови да го доведе напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено.

Пред неколку дена шпанските медиуми објавија дека 28 годишниот фудбалер ќе се пресели во Мадрид и дека трансферот вреден 60 милиони евра е завршен, но најновните информации не се добри за Атлетико.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот менаџер, Марселињо сега потврди дека неговиот трансфер е откажан.

„Свесни сме за потенцијалниот трансфер на Родриго. Во еден момент трансферот требаше да биде заршен, а клубот за тоа ме извести во вторникот. Исто така ми кажа дека ќе премине во Атлетико. Меѓутоа сега се е откажано“, изјави Марселињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…