Дома Фудбал Останато Меси го напушти тренингот на Барселона поради повреда

Меси го напушти тренингот на Барселона поради повреда

Фудбалерите на Барселона утрово одработија нов тренинг на кој се појави и Лионел Меси.

Аргентинскиот фудбалер се врати од одморот и ги започна припремите за новата сезона, но на денешниот тренинг не помина баш најдобро. Имено, Меси го напушти тренингот поради болки во десната нога.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Сеуште не е познато дали повредата на Меси е сериозна тоа ќе биде утврдено после деталните прегледи. Сепак од Барселона соопштија дека Меси сигурно ќе ја пропушти турнеата во САД.

Барселона патува за Америка за неколку дена и таму овој тим го очекуваат два натпревари против Наполи. Но сега е сигурно дека Меси нема да биде во конкуренција за овие натпревари.

Меси ќе остане во Барселона за да се опорави од повредите и ќе тренира индивидуално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…