Дома Останати Тенис Досега невидено: Кирјос за меч топка побара совет од навивач, а потоа и му се заблагодари (ВИДЕО)

Досега невидено: Кирјос за меч топка побара совет од навивач, а потоа и му се заблагодари (ВИДЕО)

Ник Кирјос полека но сигурно станува легенда. Не затоа што со години е во врвот на АТП листата, туку поради работите кои ги прави на теренот и надвор од него.

Австралиецот со грчки корени е во центарот на вниманието, а исклучок не беше ниту вчерашниот меч против Стефанос Циципас во полуфиналето на АТП турнирот во Вашингтон.

Кирјос првиот сет го доби со 6:3 за во третиот преку тај-брејк да стигне до финалето каде што ќе игра против Данил Медведев.

Во тај-брејкот на третиот сет Кирјос имаше 8:7 на свој сервис, а во тој момент се одлучи помош да побара од навивач на трибините. На крајот кога го освои поенот Кирјос се врати кај навивачот и му се заблагодари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Oбјавена фотографија на Ѓоковиќ од 2003 година, дали би го препознале?

Во текот на последните две децении, Новак Ѓоковиќ безброј пати ги израдува љубителите на т…