Дома Фудбал Останато Агент на ФИФА тврди: Покетино и Гвардиола имаат нови клубови, се ќе биде објавено идната недела!

Агент на ФИФА тврди: Покетино и Гвардиола имаат нови клубови, се ќе биде објавено идната недела!

Фудбалскиот свет е во исчекување за тоа кој наредната сезона ќе го води Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јувентус остана без тренер и во последно време Маурицио Сари е најголем фаворит за клупата на „старата дама“, но и понатаму од сенка е активна приказната за Пеп Гвардиола. Агентот на ФИФА Лука Канова денес објави интересни информации.

„Добив директна потврда за договор Гвардиола – Јувентус: 19 милиони по сезона и договор на три години, со опција да се продолжи на уште една“, изјави Канова и откри кој на негово место ќе дојде во Манчестер Сити:

Покетино оди во Манчестер Сити. Овие две зделки официјално ќе бидат објавени во понеделник или во текот на таа недела“, тврди Канова.

Покетинот и Тотенхем вечерва играат финале во Лигата на шампионите против Ливерпул и Арфентинецот сега очекувано не сака да зборува нешто друго освен за финалето кое го очекува неговиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Димитриевски: Не знам дали ќе останам во Валенсија…

Македонскиот голман Столе Димитриевски заедно со Валенсија ја заврши сезоната со триумф на…