Последното коло во Серија А донесе навистина многу возбудувања.
Аталанта, Интер и Милан водеа борба за пласман во Лигата на шампионите, а на крајот таму ќе играат Аталанта и Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот од Бергамо до најголемиот клупски успех во историјата стигна со победата над Сасуоло од 3:1.
Лошо започна за Аталанта, Берарди во 19-тата минута постигна гол за 0:1, но многу брзо Запата погоди за 1:1, тоа беше и резултатот со кој се замина на полувремето.
Остана Сасуоло потоа без Берарди кој беше исклучен во продолжението, а Аталанта предноста од играч повеќе ја искористи и со головите на Гомез и Пашалиќ стигна до победа од 3:1 и пласман во Лигата на шампионите.
Интер го победи Емполи со 2:1 во натпревар кој донесе огромна драма во финишот кога играчите на Емполи пропуштија одлични прилики за изедначување.
Интер поведе во 51-та минута, потоа Икарди промаши пенал, а Траоре подоцна погоди за 1:1. Раџа Наинголан во 81-та минута донесе предност од 2:1. Херој на Интер во овој натпревар беше Самир Хандановиќ кој запиша неколку фантастични интервенции. Емполи со овој пораз испадна од Серија А.
Поради победите на Интер и Аталанта, Милан иако славеше против СПАЛ со 2:3 ќе мора да се задоволи само со Лигата на Европа.
Рома во натпреварот во кој од овој клуб се простуваше Даниеле Де Роси ја совлада Парма со 2:1, Удинезе со 1:2 беше подобар од Каљари, додека Фиорентина и Парма одиграа онака како што им одговораше и на двата клуба, 0:0.