Дома Фудбал Барселона закажа прес конференција, а изненадувањето е – Лионел Меси!

Барселона закажа прес конференција, а изненадувањето е – Лионел Меси!

Фудбалерите на Барселона во сабота ќе играат против Валенсија во финалето од шпанскиот куп во кое ќе се обидат да одбранат титулата.

Барселона минатата година успеа да освои двојна круна, а сега до истиот успех оваа година ги дели само победа во финалето од купот. Оваа сезона каталонскиот клуб во финалето ќе игра против Валенсија која ќе се обиде да им ги расипе плановите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јасно е дека атмосферата во Барселона не е баш најдобра после испаѓањето од Лигата на шампионите бидејќи трофејот во најелитното европско натпреварување беше главна цел оваа сезона. Но, сигурно дека сите во клубот сакаат со двојна круна да заминат на одмор.

Утре ќе биде одржана прес конференција за двете екипи пред саботното финале, а шпанските медиуми се изненадени откако Барселона објави кој ќе им се обрати на новинарите.

Имено, на прес конференцијата ќе бидат тренерот Ернесто Валверде, Лионел Меси и Жерар Пике. Информацијата дека Меси ќе биде на прес конференцијата и тоа како ја изненади јавноста.

Изненадување е затоа што Меси во ваков случај пред камерите не се појавил дури четири години. Последен пат Аргентинецот беше дел од една прес конференција во 2015 година пред полуфиналето во Лигата на шампионите кога Барселона играше против Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…