Дома Фудбал Меси на удар поради изјавата од пред една година! (видео)

Меси на удар поради изјавата од пред една година! (видео)

Фудбалерите на Барселона синоќа доживеаа шокантен пораз од Ливерпул (4:0) и беа елиминирани од Лигата на шампиони.

Барселона во првиот меч славеше на домашен терен со 3:0, но во реваншот доживеаа дебакл и не успеаа да се пласираат во финалето.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


На удар на критиките се најде Лео Меси кој синоќа ја имаше една од најслабите партии во ЛШ.
Многу шпански медиуми денес се присетија на почетокот на сезоната кога Аргентинецот им вети на навивачите дека ќе го донесе трофејот од ЛШ на „Камп Ноу“.

„Знам што значи да се биде капитен на овој клуб. Мислам дека оваа година имаме тим кој може многу да постигне. Минатата сезона ги освоивме Примера и Купот, но имаме незавршена работа во Лига на шампиони. Ќе ви ветам дека оваа сезона ќе направиме се за да го вратиме тој трофеј на Камп Ноу“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Претседателот на клубот потврди: Меси одбил понуда вредна 1.4 милијарди евра

Од таборот на Ал Хилал откриваат дека му понудиле неверојатни 1,4 милијарди евра на Лео Ме…