Лионел Меси во минатото имал можност да се одлучи да го носи дресот на репрезентацијата на Шпанија.
Поранешниот селектор на „црвената фурија“ Висенте Дел Боске откри дека Фудбалскиот сојуз на Шпанија водел преговори со Меси, но Аргентинецот не сакал да се откаже од играњето за неговата татковина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Никако не успеале да го убедат Меси да настапува за Шпанија место за Аргентина.
„Одби да настапува за Шпанија затоа што ја сака својата земја. Ниту еден човек на светот не можеше да го убеди да го напушти дресот на Аргентина“, откри Дел Боске.
Шпанците на Меси му понудиле државјанство додека бил дел од познатата школа на Барселона, „Ла Масија“. Уште тогаш неговиот талент можел да се забележи, го забележале и луѓето од ФС Шпанија кои направиле се за тој да заигра за нив.
Меѓутоа Меси не сакал да размислува, не сакал да ја предаде својата земја каде што денес трпи големи критики. Иако нема премногу успех во националниот дрес Меси без дилеми е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Доколку Меси прифатеше да игра за Шпанија веројатно би имал освоено Светско првенство. Сепак во Аргентина би бил сметан за предавник и никогаш не би бил добредојден.
За „Гаучосите“ настапи на 129 натпревари и постигна 65 голови.