
Познатиот шпански фудбалер Педро Родригез објави дека ја завршува својата професионална кариера на 39 години. Оваа вест ја сподели преку социјалните мрежи, изразувајќи благодарност кон фудбалот и сите кои го поддржувале.
“Чувствувам дека дојде времето. Време е да направам чекор напред и да започнам нова фаза во мојот живот. Одиме понатаму со гордост што го живеев својот сон и благодарение на сите кои беа со мене за да го остварам. Благодарам, фудбал, што ме направи толку среќен,” напиша Педро на социјалната мрежа „X“.
Последниот клуб за кој играше Педро беше Лацио, каде што настапуваше од 2021 година, по една сезона во Рома. Најголемите успеси ги постигна со Барселона, каде што играше од 2008 до 2015 година, освојувајќи три Лиги на шампиони, пет титули во Примера, четири Купа на кралот, две Светски клупски првенства и три УЕФА Суперкупа.
Со Челси, каде што играше од 2015 до 2020 година, освои Лига Европа, Премиер лига и ФА Куп. За шпанската репрезентација одигра 65 натпревари и постигна 17 голови, а беше дел од тимот кој ја освои Светската титула во 2010 и Европското првенство во 2012 година.