Дома Актуелно Гвардиола се сели во Серија А: Постигна договор со Јувентус

Гвардиола се сели во Серија А: Постигна договор со Јувентус

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и твдат дека Пеп Гвардиола од следната сезона ќе седне на кормилото на Јувентус.

Алегри има договор со Јувентус до 2020 година, но се поизвесно е дека ќе си замине од клубот доколку и оваа година „старата дама“ остане без трофејот во Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе некое време се шпекулира за можните наследници на Алегри. Се споменуваа Конте, Дешам, Гвардиола и Зидан. Зидан важеше за фаворит, меѓутоа сега новинарот Луиџи Гуелпa најавува вистинска бомба и вест која сигурно навивачите на „старата дама“ посакуваат да е вистина.

Луиџи Гуелпа го најави трансферот на Ронало во Јувентус и тогаш многумина не веруваа во неговите зборови, а сега го тврди следното – Гвардиола се договорил со Јувентус!

„Дознав дека Пеп Гвардиола има вербален договор со Јувентус за следните четири години. Информацијата е од истата личност што ми го обелодени и трансферот на Роналдо“, открива Гуелпа.

Шпанскиот стратег освојуваше титули во Шпанија, Германија и Англија, па возможно е да сака да се проба и во италијанската Серија А.

Покренатата истрага на УЕФА против Сити за прекршување на финансискиот ферплеј може да придонесе „граѓаните“ да бидат исфрлени од ЛШ за наредната сезона, што Гвардиола може да го искористи за да побара заминување од Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…