Италијанските медиуми веќе неколку дена тврдат дека Антонио Конте преговата со Интер, а сега го „фатија на дело“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Конте вчера изјави дека не добил понуди од ниту еден италијански клуб, но дека на лето сигурно ќе се врати на работата.
Екс тренерот на Јувентус и Челзи моментално е без ангажман, а новинарите денес го забележаа пред седиштето на Интер.
„Немам коментар“, кратко одговори Конте и избега од камерите.

Конте потврди дека до крајот на сезоната сигурно нема да седне на ниту една клупа, па ова може да биде контрапродуктивно за Лучијано Спалети, кој седи на кормилото на „нероаѕурите“.