Дома Фудбал Ниту Дел Боске, ниту Зидан или Анчелоти, за Карвахал најдобар тренер е – Лопетеги!

Ниту Дел Боске, ниту Зидан или Анчелоти, за Карвахал најдобар тренер е – Лопетеги!

Висенте Дел Боске кој беше светски и европски шампион го воведе во репрезентацијата, во Реал шанса му даде Анчелоти, со Зидан беше три пати шампион на Европа, но за Карвахал најдобар тренер – Јулијен Лопетеги!?

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Навистина неверојатна изјава, барем во овој момент со оглед дека Лопетеги не се задржа долго на „Сантијаго Бернабеу“

. Сепак, треба да се слушне и Карвахал. Соработуваше со Лопетеги во младинската и сениорската категорија на Шпанија и добро знае како го сфаќа фудбалот.

„За мене Лопетеги е најдобар тренер кого сум го имал. За жал, му недостасуваше малку среќа да остане подолго“, изјави Карвахал и продолжи:

„Начинот на кој го гледа фудбалот и како управува со групата на играчи според мене е оној начин на кој треба да се работи. Го зборував тоа и пред пристигне во Реал, ќе го кажам и сега кога е сменет и ќе го зборувам се додека не се појави подобар од него“, јасен беше Карвахал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најголеми аплаузи за Нејмар. Плачеше по натпреварот

Настапот на бразилската “десетка” во второто полувреме од мечот против Шкотска…