Дома Фудбал Масимилијано Алегри добива работа во Премиер лигата?!

Масимилијано Алегри добива работа во Премиер лигата?!

“Гардијан” соопштува дека Хулен Лопетеги може да добие отказ по итна постапка, бидејќи Вест Хем не игра најдобро во овој момент.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По натпреварот против Арсенал, “чеканите” беа поразени и од Лестер и јасно е дека екипата не изгледа добро и веќе се шпекулира за потенцијалните наследници.

Двајца кандидати се во овој момент.

Првиот е Масимилијано Алегри, поранешниот тренер на Јувентус кој сега е се поврзува со речиси секој сериозен тим кој е во серија на слаби резултати, додека вториот е екс-тренерот на Порто Сержо Консесаио.

Алегри зад себе има шест титули шампион на Италија и пет купови, но во последните неколку сезони нема големи успеси и многу експерти сметаат дека не е најдоброто решение за клупата на “чеканите”.

Од друга страна, Консесаио има големи успеси со Порто, три титули и два четвртфиналиња во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(ВИДЕО) Срамота: Навивачите на Шкендија ја исвиркаа химната на Македонија

Голем инцидент се случи пред стартот на финалето од Купот на Македонија, откако дел од нав…