Дома Фудбал Репрезентации Сензација во нашата група: Гибралтар испиша историја и ни помогна! (ВИДЕО)

Сензација во нашата група: Гибралтар испиша историја и ни помогна! (ВИДЕО)

Во групата од Лигата на Нации каде што сме сместени ние вечерва беше видена огромна сензација – Гибралтар на гостински терен против Ерменија освои три бода!

Сигурно никој не очекуваше дека денес Гибралтар можеше да се надева и на бод на гостувањето во Ерменија, но на крајот дома се враќаат со полн плен после победата од 1:0. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Чиполина во 50-тата минута од стребата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Оваа сензација на Гибралтар и тоа како ни оди во прилог. Доколку вечерва ја оправдаме фаворитската улога против Лихтенштајн на што се надеваме би биле многу блиско до остварување на целта – првото место во групата.

Со полн плен вечерва против Лихтенштајн би ни биле потребни само уште четири бода во следните три кола за обезбедување на првата позиција и пласман во следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чурлинов постигна гол против Бетис во Конференциската лига (ВИДЕО)

Во реванш натпреварот од четвртфиналето во Конференциската лига фудбалерите на Јагелонија …