Дома Топ вести „Бомба“: Милан работи на трансферот на Ракитиќ

„Бомба“: Милан работи на трансферот на Ракитиќ

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ ги брои последните денови во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако со години беше стандарден, оваа сезона во Барселона има маргинална улога, поради што каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека ќе си замине уште во јануари.

Последните информации од Италија се дека Милан сериозно се вклучил во трката за потписот на Ракитиќ. Директорот Звонимир Бобан веќе работи на трансферот и е во постојан контакт со својот сонародник.

Милан игра лошо оваа сезона, го има најмладиот тим во Серија А, па во јануари сака да инвестира во искусни фудбалери.

31-годишниот Ракитиќ е спремен за нова авантура и му се допаѓа преселба во Милано, каде треба да биде лидер на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…