Дома Топ вести 1-ви мај е ден на Меси! (ВИДЕО)

1-ви мај е ден на Меси! (ВИДЕО)

Барселона стигна на чекор од финалето во Лигата на шампионите победувајќи го Ливерпул на „Камп Ноу“ со 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поведе Барселона со голот на Луис Суарез во половината од првото полувреме, но Ливерпул напаѓаше и напаѓаше. Сепак, „црвените“ не успеаа да го пронајдат патот до мрежата на Тер Штеген.

Промашувањата на Ливерпул ги казни Меси. Прво со топка влезе во голот за 2:0, за потоа во 82-та минута да погоди за 3:0. И тоа на каков начин.

Меси перфектно изведе слободен удар и го погоди аголот од голот на Алисон, а воедно тоа беше негов 600-ти гол во дресот на Барселона во сите натпреварувања.

Интересно е што Меси токму на истиот датум како вчера (1-ви мај) во 2005 година го постигна неговиот прв гол во дресот на Барселона.

Пред 14 години Меси влезе како резерва против Албасете и постигна одличен гол во победата на Барса од 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Парагвај поднесува жалба до ФИФА против Џуд Белингам

Парагвајската фудбалска асоцијација поднесе официјална жалба до ФИФА, со која бара казна з…