Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и Челзи се силно заинтересирани за дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана.
Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг сака да ја засили одбраната и да доведе партнер за Варан.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медиумите пренесуваат дека прв на листата жеби е дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана. Французинот минатата сезона беше еден од најдобрите во Премиер лигата, но пред почетокот на оваа сезона заработи сериозна повреда на глуждот.
Покрај Јунајтед силен интерес за Французинот покажува и Челзи, кој ова лето треба да донесе најмалку еден врвен дефанзивец.
Лестер нема лесно да се откаже од дефанзивецот за кого плати 35 милиони евра и за неговата слобода бара 80 милиони евра.
🚨 Chelsea and Manchester United are interested in signing Leicester City defender Wesley Fofana, who is valued at €80M. 🇫🇷
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 8, 2022
(Source: @RMCsport) pic.twitter.com/zHbDItvsXL