Сантијаго Солари има се помали шанси да остане на клупата на Реал Мадрид после завршувањето на актуелната сезона.
Откако клубот од „Сантијаго Бернабеу“ доживеа елиминација од купот и минатата недела од Лигата на шампионите практично станува јасно дека Солари само ќе ја доврши актуелната езона и ќе си замине од Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Елиминацијата од Ајакс после поразот од 1:4 во Мадрид донесе проблеми во тимот. Како што веќе се пишуваше Серхио Рамос имал жестока расправија со Флорентино Перез. Сега пристигнуваат нови вести за проблеми во таборот на „кралевите“.
Сантијаго Солари вчера им држел лекции на одредени фудбалери. Тренерот на Реал на конференцијата за медиуми се појави со мало задоцнување.
„Се извинувам што доцнам, но имав некоја работа“, изјави Солари. Таа „работа“ бил интезивен разговор со неговите играчи на кои јасно им ставил до знаење дека во последно време не играат на очекуваното ниво.
Оние кои биле најмногу на удар на тренерот на Реал биле Герет Бејл, Иско и Марсело.
Солари на Иско му замерил поради тоа што не внимава на тежината и што добил неколку килограми вишок. На Марсело му кажал дека и понатаму не е во форма, па поради тоа и понатаму е на клупата.
На Бејл кого претходно го бранеше тренерот на Реал му порачал дека не ги исполнил неговите очекувања и очекувањата на клубот. Уште двајца играчи кои биле предупредени дека не играат на потребното ниво биле Тони Крос и Марко Асенсио.