Дома Фудбал Италија ШОК од Италија: Претседателот на Јувентус суспендиран на ЕДНА година!

ШОК од Италија: Претседателот на Јувентус суспендиран на ЕДНА година!

Вистински шок за сите навивачи на Јувентус пристигнува попладнево од Италија, најавите се остварија, Андреа Ањели претседателот на овој клуб е суспендиран на една година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Суспензијата на Ањели доаѓа поради поврзаноста на претседателот на Јувентус со лидерот на навивачите на „старата дама“ и манипулирањето со продажбата на сезонските карти за натпреварите на италијанскиот шампион.

Покрај Ањели, казна заработи и Јувентус кој на италијанскиот сојуз ќе мора да му исплати сума од 300.000 евра.

Главниот обвинител, Џузепе Пекораро бараше од судот суспензија од две ипол години за Ањели и казна од 50.000 евра за Ањели, сепак тоа негово барање не беше прифатено. Пекораро исто така бараше Јувентус да одигра два натпревари пред празни трибини и плус уште еден натпревар суспензија за најжешките фанови кои се наоѓаат на трибината „Curva Sud“.

Ањели покрај суспензијата од една година беше казнет и со парична казна од 20.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус седнува на преговори за идно засилување на ПСЖ

Од Јувентус планираат за денеска средба со претставниците на голманот на Парма Зион Сузуки…