
Родри зборуваше за разликите во работата меѓу Ханси Флик и Пеп Гвардиола, истакнувајќи дека германскиот тренер има сосема поинаков пристап кон подготовките.
„Тоа е ЦЕЛОСНО РАЗЛИЧНО од методите на Гвардиола“, изјави Родри.
Шпанскиот репрезентативец откри дека бил изненаден од интензитетот на физичките тренинзи, особено од работата во теретана.
„Тренираме многу, многу напорно во теретана. Бев ИЗНЕНАДЕН“, истакна Родри.
Според него, Гвардиола има поинаква филозофија кога станува збор за физичката подготовка и одржувањето на ритамот.
„Филозофијата на Пеп е дека натпреварите ти го даваат ритамот. Ханси има поинаков став“, додаде Родри.
Очигледно е дека Флик става голем акцент на физичката подготовка, со што пристапот во тренажниот процес значително се разликува од оној на Гвардиола.