Новото засилување на Реал Мадрид, Орелијан Чуамени одбил речиси двојно поголема плата од Пари Сен Жермен, тврди „Марка“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Монако и годишно ќе заработува 6,5 милиони евра, додека „светците“ му нуделе 12 милиони по сезона.




Во моментот на неговото претставување, Чуамени го потврди интересот на ПСЖ, но објасни дека Реал за него бил прв избор и ги одбил сите понуди за да се пресели во Мадрид.




Чуамени исто така потврди дека Килијан Мбапе лично го убедувал да се пресели во Париз, а сега е откриени дека ПСЖ му нудел двојно поголема плата.