Дома Фудбал Лига на шампиони Статистиката вели – Роналдо вечерва ќе блеска!

Статистиката вели – Роналдо вечерва ќе блеска!

Португалецот обожава да игра во Лигата на шампионите, а посебно кога во прашање е нокаут фазата.

Јувентус денес го продолжува походот кон толку посакуваниот европски трофеј и Роналдо без дилеми ќе биде играчот од кој најмногу се очекува вечерва.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Старата дама“ оди на гости во Лион и на хартија е фаворит, посебно ако се земе предвид дека Роналдо е најмотовиран кога ќе започне најдоброто во Лигата на шампионите.

Во осминафиналето настапувајќи за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус постигна 23 голови, повеќе од него постигнал само Лионел Меси (26). Натапувајќи за Реал Мадрид, Роналдо во еден двомеч постигна и четири гола, во сезоната 2013/2014 кога Реал играше против Шалке.

Работите не се променија многу и од кога направи трансфер во Јувентус. За италијанскиот шампион минатата сезона постигна хет-трик против Атлетико Мадрид и така ги елиминираше „јорганџиите“ од ЛШ иако тие победија со 2:0 во првиот натпревар.

Ако на ова го додадеме и тоа дека Роналдо е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 128 голови и дека ова натпреварување го освоил пет пати Јувентус има големо право многу да очекува од него вечерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн има план: Го сака Зидан за тренер, во Минхен може да се врати и клупската легенда!

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер бидејќи Томас Тухел заминува на крајот од сезоната…