Рубен Лофтус-Чик би можел да биде вклучен во понудата на Челси за дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар, тврди „Газета дело Спорт“.
27-годишниот Скриниар е една од главните трансфер желви на Томас Тухел, кој сака да донесе двајца квалитетни дефанзивци по разделбата со Андреас Кристенсен и Антонио Рудигер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интер е спремен да го продаде Словакот поради финансиски проблеми, но за неговата слобода бара 70 милиони евра.
Лондончани планираат да го понудат и Лофтус-Чик, кој е желба на Инзаги, додека Интер пак сака да издејствува и позајмица на Лукаку.
За Скриниар силен интерес покажува уште и Пари Сент Жермен.