Колумбиецот Себастијан Херера би можел да биде изненадувањето на списокот на македонската фудбалска репрезентација за циклусот во март кога се играат мундијалските квалификации.
Херера во Македонија пристигна во 2015 година, а после пет години лани направи трансфер во унгарски МТК каде што игра заедно напаѓачот на младинската репрезентација на Македонија Бојан Миовски.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Колумбиецот веќе има македонско државјанство, а го исолнува и условот со пет години настап во Македонија за да може да игра за националниот тим. Поради новото правило на ФИФА клубовите да можат да им забранат на фудбалерите да патуваат за репрезентацијата поради ковид ситуацијата не се знае дали Ангеловски ќе може да смета на сите фудбалери. Херера затоа би можел да биде решение за левата бековска позиција.
„Имам македонско државајнство, го добив неодамна и сега не постои пречка да играм за националниот тим на Македонија. Не сакам многу да зборувам предвреме, но мислам дека може да бидам викнат за натпреварите во март. Јас навистина посакувам такво нешто, ако треба и со една нога би стигнал до Скопје“, изјави Херера.