Дома Останати Авто Мото Хамилтон откако заврши 10-ти: Дали воопшто се доделува поен за ова место? 🎥

Хамилтон откако заврши 10-ти: Дали воопшто се доделува поен за ова место? 🎥

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон иронично реагираше после вчерашната трка за Големата Награда на Саудиска Арабија каде што неговата екипа не покажа дека изгледа моќно како во претходната деценија.

Од стартот на 2012 година Мерцедес доминира во Фомрула 1, Луис Хамилтон стана и еден од најголемите во овој спорт. Меѓутоа сезонава не му оди на почетокот, болидот кој го дизајнираа на почетокот на зимата не изгледа усовршен и како таков тешко се носи со Ферари и Ред Бул. Хамилтон возеше катастрофално во квалфикациите и беше елиминиран во „Q1“ што не му се случило од 2017 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчерашната трка ја стартуваше како 16-ти и заврши на 10-тата позиција. Со оваа позиција Хамилтон освои еден бод, а интересен беше разговорот кој го водеше со неговиот механичар.

„Дали воопшто се доделува поен за ова место?“, запраша Хамилтон на што механичарот му одговори потврдно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…