Повремениот македонски репрезентативец Ферхан Хасани го договорил неговиот трансфер во Албанија.
Медиумите во Албанија објавија дека Тирана го договорила трансферот на Хасани кој би заработувал 150.000 евра годишна плата. Засега официјални податоци за трансферот не се објавени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ќе потсетиме дека во Тирана веќе настапуваат Филип Најдовски и Кристијан Тошевски. Популарниот Буба во кариерата го носеше дресот на Шкендија, Волфсбург, Брондби, еден дел од кариерата помина и во Саудиска Арабија.