Унгарскиот репрезентативец и одбранбен играч на Фенербахче, Атила Сзлаи би можел да го засили Челзи.
Челзи е во потрага по одбранен играч, а решение би можеле да пронајдат во Фенебахче. Унгарскиот репрезентативец прикажува одлични настапи во турското првенство и според информациите тој е една од првите желби на Тухел.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Договорот на Сзлаи со Фенербахче има важност до летото 2025 година, но Турците се спремни да го продадат, а неговата вредност на трансфер пазарот се проценува на околу 11 милиони евра.
Освен Челзи претходно интер за овој фудбалер покажаа шпанските ривали, Атлетико Мадрид и Севиља. За Фенербахче Сзлаи вкупно одигра 40 натпревари, 18 од нив беа во оваа сезона. Успеа да постигне и три гола.