Италијански „Тутоспорт“ излезе со вест за ново засилување на Јувентус за на лето.
Познато е дека Јувентус го сакаше Марсело уште минатите јули и август кога започна да се растура ерата на Кристиано Роналдо во Реал. Оваа зима многу се шпекулираше за можен трансфер, но сепак зделката не се реализираше.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според највлијателниот медиум во Торино кој прв го најави мега трансферот на Роналдо, Марсело ќе пристигне на лето и ќе биде финансиран од продажбата на Алекс Сандро.
На Реал Мадрид ќе му биде понудена сума од 45 милиони евра, додека на Марсело договор со плата од 12 милиони евра годишно! Така Марсело по примањата би бил веднаш зад Роналдо кој е неприкосновен со 30 милиони евра по сезона.
Роналдо е еден од главните фактори за Марсело да дојде во Јувентус, тие двајца се одлични пријател и имаа супер соработка во Мадрид. Ова го знае и Фабио Партичи кој е „виновникот“ што Роналдо игра во Торино. Партичи после заминувањето на Марота е прв оперативец на „старата дама“.
Како што се спомена цел трансфер би бил финансиран од продажбата на Сандро за кого интерес покажуваат Челзи и Манчестер Сити. Она што е малку чудно во целата приказна на „Тутоспорт“ што Сандро неодамна потпиша договор со Јувентус до јуни 2023 година.
Ако тоа било стратегија на Јувентус да од потенцијалните купувачи извлече повеќе пари тогаш треба да се „симне капа“ на спортскиот сектор на тимот од Торино.