Дома Фудбал Италија Тренерска „вртелешка“ во Серија А: Осум од топ десет тимови ќе добијат нови тренери!

Тренерска „вртелешка“ во Серија А: Осум од топ десет тимови ќе добијат нови тренери!

Никаде толку лесно тренерите не ја менуваат средината како во Серија А.

Заврши сезоната во Италија, на крајот во трката за Лигата на шампионите со кратки ракави остана Милан, а за место во најелитното европско натпреварување покрај Јувентус и Наполи се изборија Аталанта и Интер.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Денес веќе започнуваат да се собираат работите, а интересно е дека од топ 10 тимови дури осум би можеле да ги променат тренерите. Сигурни се само Анчелоти во Наполи и Мацари во Торино.

Шампионот Јувентус ќе го промени Алегри и се чека да се види кој ќе дојде на негово место, Раниери исто така си заминува од Рома.

Клубовите кои беа успешни изгледа исто така ќе мораат да менуваат. Претседателот на Аталанта, Перкаси најави дека ќе направи се за да го задржи Гасперини на клупата, но тој многу веројатно оди во Рома, иако во Рим нема да биде дел од Лигата на шампионите.

Во Милано исто така следуваат промени, скоро сигурно е дека Малдини и Леонардо ќе заминат, Газидис сака нови луѓе. Голема е веројатноста Гатузо да добие отказ, а како можен негов наследник се споменува Симоне Инзаги од Лацио.

Инзаги одби да го продолжи договорот со Лацио, освен со Милан неговото име се поврзува и со Јувентус. Од друга страна наследник на Инзаги би можел да биде Синиша Михајловиќ кој со Болоња направи чудо во вториот дел од сезоната и успеа тимот кој стравуваше за опстанокот да го одведе до 10-тата позиција.

Интер исто така ќе менува, таму изгледа нема дилеми, Антонио Конте ќе го наследи Лучијано Спалети.

И на крајот Сампдорија која сезоната ја заврши со победа против Јувентус. Марко Џампаоло во некои изјави најави дека може да замине бидејќи се спрема нова сопственичка структура, а американскиот инвестиционен фонд веројатно ќе сака нови лица.

Ќе видиме како се ќе заврши, но јасно е дека се спрема голема „вртелешка“, ќе видиме што ќе направио Фиорентина која едвај се спаси од испаѓање после
катастрофалните резултати на Монтела, Де Зерби од Сасуоло е баран, помеѓу оние малкумина сигурни се Маран од Каљари и Да Аварес од Парма. Тудор минатата година го спаси Удинезе и замина, а Семпличи кој со СПАЛ забележуваше одлични резултати се споменува како наследник на Џампаоло во Сампдорија.

Значи, во најдобар случај пет или шест тренери ќе ја зачуваат работата и тоа не ги сметаме тука тимовите кои испаднаа и кои веројатно ќе менуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…