Антонио Конте сака да го донесе напаѓачот на Интер, Лаутрао Мартинез во Тотенхем ова лето и веќе спремил богата понуда, пренесуваат италијанските медиуми.
Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година, но „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми па се спремни да слушнат понуди за напаѓачот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тотенхем е спремен во наредните денови да испрати понуда од 90 милиони евра, но Лаутаро нема намера да го напушти Интер ова лето.
Антонио Конте ќе се обиде да го убеди Аргентинецот да се пресели во Тотенхем, но тоа ќе биде тешка мисија.
Интер најверојатно во следните денови ќе го продаде Скриниар во ПСЖ, па нема да има потреба да се откажува и од Лаутаро.