Иако имаше такви најави сепак сега министерот за спорт на Италија, Виченцо Спадафора потврди дека италијанската Серија А не е во ризик да биде прекината.
Ваквите најави се појавија после хаосот со позитивни случаи во Џенова и неодигрувањето на дербито Јувентус – Наполи затоа што гостите не се појавија во Торино. Од Наполи тврдеа дека локалните здравствени власти им забраниле да патуваат, додека тие се огласија и порачаа дека станувало збор само за препораки, а не забрана. Наполи сега тој натпревар веројатно ќе го изгуби со службени 3:0, но постои можност и бодовно да бидат казнети.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како и да е првенството нема да се прекине.
„Нема ризик од прекин на Серија А. Има протоколи кои треба да се следат, а доколку се промени епидемиолошката слика ние како Влада спремни сме нешто да промениме. Локалните власти би можеле да реагираат во „посебни случаи“ и најважно е да се интервенира после посебни барања, иако сето тоа може да биде компликувано. Јас мислам дека ако сите се грижиме за почитување на протоколите нема да имаме проблеми“, изјави Спадафора.