Репрезентацијата на Македонија по добро ќе ја памети чудната 2020 година бидејќи за првпат сениорите се изборија за пласман на едно Европско првенство.
Натпреварот во Тблиси против Грузија ќе остане вечно запишан во аналите на македонскиот фудбал. Посебен шмек на таа победа даде фантастичниот завршен коментар на Тони Стојановски кој во тие моменти допре до срцата на секој навивач на Македонија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тони Стојановски беше примен од првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини кој му ја покажа плакетата на ѕидовите на ФФМ на која ќе бидат испишани неговите зборови.