Македонија денес го одигра последниот натпревар во овој циклус, а воедно и за оваа година. За жал против Ерменија доживеавме пораз.
Без голем број стандардни репрезентативци Македонија денес имаше добра игра, посебно во првото полувреме. Најголема закана за голот на Ерменците беше Александар Трајковски кој испрати неколку закани со удар од далечина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во вториот дел забележителен беше пад во нашата игра. Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 55. минута кога поранешниот играч на Вардар Хамбарџумјан го совлада Шишковски по едно наше невнимание во одбраната.
— Stefan (@StefanDaskalov) November 18, 2020
Мораме да истакнеме дека Шишковски и покрај примениот гол денес беше одличен на голот, забележа три-четири добри интервенции. Најдобрата ја имаше на десетина минути пред крајот кога одбрани зицер еден на еден.
Сепак, не ги искористивме тие одбрани на Шишико и Ерменија успеа да слави минимално.
Овој пораз значи и дека остануваме во Лига „Ц“ и наредната сезона.