Дома Фудбал Англија Солскјер: Не требаше да го вратиме Роналдо во Јунајтед

Солскјер: Не требаше да го вратиме Роналдо во Јунајтед

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер во интервју за „Атлетик“ зборуваше за бројни теми, а помеѓу нив беше и неговото време поминато на „Олд Трафорд“.

Солскјер призна дека враќањето на Кристијано Роналдо било грешка, но во тоа време тоа му изгледало како добар и логичен потег.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Враќањето на Роналдо беше опција која тешко можеше да се одбие. Мислев дека можеме да ја искористиме приликата, но се покажа дека погрешивме, не требаше да го вратиме. Олд трафрод експлодираше кога постигна два гола против Њукасл, изгледаше одлично, меѓутоа потоа работите потоа тргнаа во надолна линија“, изјави Солскјер.

Роналдо подоцна го напушти Манчестер Јунајтед откако влезе во отворен конфликт со тренерот Ерик Тен Хаг, а кариерата ја продолжи во Ал Наср од Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…