Дома Топ вести Сити сака во јануари Меси да потпише преддоговор

Сити сака во јануари Меси да потпише преддоговор

Лионел Меси ова лето беше блиску до преселба во Манчестер Сити, но Барселона бараше да биде исплатена откупната клаузула, па Аргентинецот остана на „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради тоа Меси мораше да остане во Барселона, но бидејќи неговиот договор завршува следното лето, се шпекулира дека ова ќе му биде последна сезона во Каталонија и дека на крајот ќе се пресели во Англија.

Меси има комплетен договор со „граѓаните“ и нема дилеми дека ќе ја продолжи кариерата на „Етихад“, но медиумите тврдат дека Сити сака да потпише преддоговор со Аргентинецот во јануари.

Претседателските избори во Барселона се закажани за во март, па новото раководство сигурно ќе се обиде да го обнови договорот со Меси. Поради тоа „граѓаните“ сакаат да се осигураат и уште во јануари да го добијат потписот на Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…