Дома Трансфер зона Се огласи таткото на Нејмар и тврди дека ПСЖ лаже!

Се огласи таткото на Нејмар и тврди дека ПСЖ лаже!

Во ПСЖ се бесни што Нејмар не се појави на првиот ден од припремите.

Нејмар денес требаше да се појави во Париз, но Бразилецот не се појави и ПСЖ се огласи со официјално соопштение во кое потврди дека Нејмар без дозвола си го продолжил одморот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После соопштението на ПСЖ се огласи таткото на Нејмар кој тврди дека ПСЖ бил известен дека неговиот син нема да се појави во Париз на 15-ти јули.

Тој изјави дека Нејмар го известил клубот дека поради приватни собири на 12-ти и 13-ти јули во Сао Паоло нема да се појави на стартот на припремите.

Нејмар вчера го гледаше финалето на Копа Америка помеѓу Бразил и Перу (3:1), а неговите соиграчи Тиаго Силва и Маркис кои беа на теренот имаа дозвола подоцна да се приклучат на припремите.

Сега е јасно дека желбата на Нејмар е да си замине од ПСЖ. На „Паркот на Принцовите“ се свесни за тоа и очигледно и тие започнаа да играат како што игра Нејмар.

Нејмар се поврзува со Барселона, се споменуваше и Реал Мадрид, а ПСЖ ќе има цел да извлече што е можно повеќе пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…