Само еден фудбалер оваа сезона во Премиер лигата не сметајќи ги голманите ги одиграл сите минути за својот клуб.
Станува збор за Џејмс Тарковски од Евертон. Англискиот стопер ги одигра сите 3.420 минути и така постави рекорд во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интересно е што ова не му е првпат да успее во вакво нешто. Во сезоната 2019/2020 како играч на Барнли исто така под водство на Шон Дајч како и на крајот на оваа сезона ги одигра сите минути во една сезона, само тогаш вкупниот број на минути му беше нешто помал.
Тарковски во Евертон пристигна на почетокот на сезоната како слободен играч и има договор до 2026 година. Претходно дури шест години го носеше дресот на Барнли и пет за Олдам и Брентфорд.