Дома Фудбал Останато Роналдо откри кој фудбалер најмногу сака да го гледа: Таков нема да појави уште 20-30 години

Роналдо откри кој фудбалер најмногу сака да го гледа: Таков нема да појави уште 20-30 години

Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, поранешниот напаѓач Роналдо беше фудбалер кој секој сакаше да го гледа.

Роналдо со своите дриблинзи ги правеше дефанзивците немоќни и го разубавуваше натпреварот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ил Феномено“ ќе остане запаметен како еден од најдобрите и најталентираните во историјата на фудбалот. Покрај фудбалското знаење Роналдо е голем и поради тоа што често искажува почит и кон другите кои придонеле за фудбалот да биде повеќе привлечен за гледање.

Денес тој е претседател на Ваљадолид, а новинарите го запрашаа кој фудбалер сака најмногу да го гледа, а Бразилецот одговори без никакви дилеми. „Ил Феномено“ откри дека ужива да го гледа Меси.

„Кој играч сакам најмногу да го гледам кога сум пред телевизорот или на трибините? Без никаков сомнеж тоа Меси. Меси е број еден фудбалер каков што нема да видиме во иднините 20-30 години. Јас не верувам дека ќе видиме некој сличен на него. Зад Меси на мојата листа сакам да ги гледам Салах, Азар, Нејмар и Мбапе“, изјави Роналдо.

Интересно е што Бразилецот не го спомена најголемиот ривал на Меси во последните години, Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…