Дома Фудбал Италија Роналдо не гледа проблем, но статистиката покажува нешто друго!

Роналдо не гледа проблем, но статистиката покажува нешто друго!

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо изби на првото место во стрелците во Серија „А” по два гола во мрежата на Парма.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, тие не беа доволни за победа против „млекарите“, кои стигнаа до реми 3:3 во последните секунди.

„Тоа е фудбалот. Се радувам за головите, но не сум среќен со резултатот. Парма чекаше на наша грешка. На крајот како да се повлековме премногу длабоко во својата половина. Треба само да останеме смирени. Не гледам причина за загриженост“, изјави Роналдо.

Сепак, статистиката од последните натпревари јасно укажува дека Јуве е далеку од сопствените стандарди. Проблемите се најчесто во одбраната и се дефинитивно поврзани со повредите на Леонардо Бонучи, Џорџо Киелини и Андреа Барзали.

За само два натпревари, „бјанконерите“ примија 6 гола – три од Аталанта за Купот на Италија и три од Парма. Исто толку голови Јувентус прими во претходните 14 натпревари.

Притоа, Јувентус само еднаш на последните пет меча во Серија А успеа да ја зачува мрежата без да прими гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …