Дома Македонски спорт Мак фудбал Реакција од Валандово: Спортските луѓе се тргнати на страна за нелегално избраните да ги остварат своите цели!

Реакција од Валандово: Спортските луѓе се тргнати на страна за нелегално избраните да ги остварат своите цели!

Валандово веќе со години нема општинска лига, регистрирани се 18 клубови, а реално постојат само три, сега од овој град има реацкија откако Славе Крстев беше избран на неделното собрание на куќата на фудбалот.

Поранешни фудбалери и спортски работници од Валандово имаа жестока реакција на изборот на Крстев во Управниот одбор на ФФМ. Реакцијата ја потпишаа: Стојан Стојанов (поранешен судија и комесар за делегирање), Васил Аџев (поранешен фудбалер и судија), Златко Зафиров (поранешен фудбалер и судија), Миле Боев (поранешен фудбалер и тренер), Андон Тодоров (поранешен фудбалер и тренер), Дени Марковски (поранешен фудбалер и тренер), Сашо Бајзолов (доскорашен фудбалер), Трајче Невеселов (поранешен фудбалер и тренер).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нивната реакција ви ја пренесуваме во продолжение:

Спортската и фудбалската јавност во Валандово е крајно изненадена и разочарана од настаните и одлуките на фудбалските органи и Собранието на ФФМ да го прифатат за валиден изборот на тројцата делегати од ОФС Валандово избрани на нелегалното, фингирано и монтирано ‘Собрание’ под раководство на т.н. ‘спортски работник’ Славе Крстев и неговото друштво од витруелниот ОФС Валандово!
Би било смешно ако не е жално, а да не зборуваме за бројни нелегални постапки и незаконски процедури во работата, раководењето и функционирањето на овој ОФС, кој е претворен во приватна своина за остварување личен бенефит на Крстев и на неколку лица блиски до Водачот!

Нема општинска фудбалска лига со години, на хартија опстојуваат дури 18 клубови од кои активни се само 3, а во архивата на Славе Крстев се регистрирани неколку стотици фудбалери, па се наметнува прашањето: дали Валандово не го држи гинисовиот рекорд на процентуално најброен фудбалски регион во светот!
Инаку ОФС Валандово нема своја просторија, па ‘работењето’ се одвива во домовите на Крстев и уште еден негов компањон! Од друга страна има клубови од рурални населени места каде буквално нема население, нема ниту ливади, а не фудбалски терени, но има регистрирано клубови, играчи и делегати во ОФС!
Симптоматичен е примерот со населеното место Брајковци (село со околу 400 жители), од каде ‘доаѓаат’ дури два клуба во ОФЛ! За волја на вистината таму навистина живеат над 60 ‘стари ергени’ од 40-60 години, но од каде се собрале минимум 30-тина фудбалери за овие две екипи е многу загонетно!

Со исклучок на двајца-тројца кои имаат некаков придонес во фудбалот, ОФС Валандово дава многу делегати на натпревари во првата, втората и третата лига, па дури и контролори на судење во регионот и женскиот фудбал, а немаат никаква допирна точка со спортот! Познати спортски работници, поранешни судии, комесари со републичка категорија и тренери се тргнати настрана и маргинализирани, за да можат нелегално ‘одбраните’ без пречки да си го остваруваат личниот интерес преку матни и нелегални активности!

Прашањето е: дали некому од ФФМ му одговара ваквата реалија во ОФС Валандово, бидејќи куќата на фудбалот со години не реагира на оваа состојба и укажувања од фудбалската јавност во градот и општината?

На претходно потенцираното упатува и фактот што истиот тој Славе Крстев, досега беше секретар на валандовскиот ОФС, со години член на футсал комисијата при ФФМ, делегат и член на Управниот одбор на Третата фудбалска лига – југ со седиште во Прилеп. Сега, дотичниот е претседател на ОФС Валандово избран на нелегалното собрание, со уште двајца свои ‘соборци’ беше делегат на скорешното Собрание на ФФМ, каде на општо изненадување на спортската јавност, најверојатно според ‘заслугите’, беше избран и за член на Управниот одбор на ФФМ!!!

Поради сите овие состојби и нелегалната ‘приватизација’ на ОФС Валандово, по втор пат сакаме да ја информираме јавноста за бројните девијантни и незаконски дејанија на челните самоназначени луѓе од овој ОФС, но и да иницираме постапка кај надлежните инспекциски органи во државата за проверка на работењето и функционирањето на овој општински фудбалски сојуз, во услови кога ФФМ молчи!“, се вели во реакцијата на спортските работници од Валандово

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…