Јувентус е спремен ова лето да го продаде Адриен Рабио, а интерес за Французинот покажуваат Манчестер Јунајтед и Њукасл.
Договорот и на Рабио истекува во јуни 2023 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот и поради тоа Јувентус сака да го продаде.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Токму тоа го привлече вниманието на двата англиски клуба кои веќе ја почнаа битката за неговиот потпис.
Новиот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг, итно бара да го засили средниот ред, откако клубот ги загуби Пол Погба и Немања Матиќ. Првиот избор на менторот е Френки де Јонг од Барселона, но на списокот е и Рабио.