Дома Фудбал Останато Поранешниот играч на Барселона го воодушеви фудбалскиот свет со голем фер-плеј потег (ВИДЕО)

Поранешниот играч на Барселона го воодушеви фудбалскиот свет со голем фер-плеј потег (ВИДЕО)

Aрда Туран со месеци беше на насловните страници во турските медиуми бидејќи му се заканува затворска казна од 12 години поради глупостите кои ги направи во септември.

Тогаш Туран имаше физичка пресметка со пејачот Бркај Сахин на кој му го скрши носот, после што пукаше од огнено оружје во болница.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сега за Туран повторно се пишува, но овој пат за нешто добро. Туран со еден од најдобрите фер-плеј потези во последно време покажа дека може да биде и тоа како чесен.

Поранешниот играч на Барсело се погрижи за него да пишуваме и за нешто што го направил на фудбалскиот тревник. Во натпреварот против Анталиспор за својот Башакешир (0:1) Туран се истакна фер-плеј потег.

Во 19-тата минута од натпреварот после еден дуел со противнички играч му призна на судијата дека последен играл со топката пред таа да отиде во аут.

Сепак и покрај признавањето на Туран судијата не ја промени својата одлука и ја додели топката на Башакешир. Поради ваквата одлука играчите на домашниот тим буквално полудеа и жестоко протсетираа, а еден од нив заработи и жолт картон.

Туран дека на овој натпревар беше расположен да покажува чесност докажа и кога топката беше доделена на неговиот тим. Тој го изведе аутот така што ја испрати топката во гол-аут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдоб…