Дома Фудбал Ѕвезда на Вила не играше? Емери: Прашајте го него и неговиот агент

Ѕвезда на Вила не играше? Емери: Прашајте го него и неговиот агент

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, не го сокри своето незадоволство откако Оли Воткинс не настапи во тешкиот неделен пораз од Брајтон со 4:0. Се насетуваше дека напаѓачот одбил да игра. Вила веќе се соочуваше со проблеми на напаѓачката позиција поради повреди на Брајан Мадја и Тами Абрахам, но Воткинс беше изоставен од тимот додека размислува за понудата од саудискиот Ал-Хилал.

Поради недостатокот на напаѓачи, Емери беше принуден на таа позиција да постави офанзивен играч за врска, Емилијано Буендија. Вила на гостувањето одигра катастрофално прво полувреме, а по 31 минути игра резултатот веќе беше 4:0. За да биде ситуацијата уште полоша, новото засилување Жоао Гомес, во својот дебитантски настап во 40-та минута, доби директен црвен картон поради невнимателен и груб старт врз напаѓачот на Брајтон, Жоржиња Рутер.

Ал-Хилал понуди неколку понуди за Воткинс, но клубот сите ги одби. Според достапните информации, 30-годишниот напаѓач е отворен за трансфер. Емери уште во петокот звучеше како продажбата да е можност што не е исклучена.

Новинарите го прашаа Емери зошто Воткинс не беше во составот против Брајтон. “Тоа прашање е за него,” одговори тренерот на Вила. “На тоа можам да одговорам само со молк.” На директното прашање дали напаѓачот одбил да игра, Емери порача: “Мислам дека можете да го прашате него и неговиот агент, нека одговорат тие.” На прашањето дали се чувствува предаден, Емери додаде: “Само тој може да го објасни својот потег, јас не можам.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк за Ираола: Пораката од новиот тренер е едноставна и јасна

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ги сподели своите впечатоци од работата со тренеро…