
Стен Вавринка игра на последните турнири во својата кариера пред пензионирање, а малку е да се каже дека беше шокиран од последната вест од УС Опен, исто како и целиот тениски свет.
Швајцарскиот тенисер, сопственикот на три гренд слем титули меѓу кои е и таа од Њујорк пред десет години, беше одбиен за специјална покана за последниот гренд слем на сезоната, но и на неговата кариера.
Вавринка го одигра последниот гренд слем на Вимблдон, а претходно учествуваше и на Австралија опен и на Ролан Гарос оваа сезона.